Иљче Затаракоски, кој привлекува внимание на Фејсбук со своите коментари за актуелни настани, има 5+1 прашање во врска со онлајн наставата, а од аспект на дигитализацијата на образованието по теркот на министерката за образование и наука Мила Царовска.



„Супер е дигитализација на образование во теорија, ама после 1 година онлајн настава се наметвет неколку прашања:

1. Сте виделе негде податоци за оваа училишна година колку ученици имале проблеми со онлајн наставата?

2. Колку од учениците во провинција имаат пристап до интернет?

3. Колку од нив имаат компјутери?

4. Колку часови се изгубени заради слаб интернет или информатичка неписменост на професорите?

5. Колку трошоци плус имаа родителите на тие деца минатава година?

Бонус прашање: Кој ќе преземе одговорност за пропаднатиот софтвер за онлајн настава?

Сериозно министерство прво ќе ги прибереше и анализираше овие податоци, па после ќе форсираше реформи. Пошо има разлика меѓу дигитализација во главата на Мила и дигитализација на терен, ко шо има разлика меѓу ученик од Центар со MacBook и ученик од Свирипичино со Alcatel од 2010-та“, констатира Затаракоски.