Затаракоски: И ние имаме комичари на власт 30 години наназад, ама ЕУ пак не нѐ прима преку ред

Дежурниот мајтапчија на Фејсбук, Иљче Затаракоски, ја поврза поддршката од Европската унија за забрзано пристапување на Украина, чиј претседател е комичарот Володимир Зеленски, со (траги)комедијата околу евроинтеграцијата на Македонија.



„А бе, и ние имаме комичари на власт едно 30 години наназад, ама ЕУ пак не нѐ примат преку ред“, констатира охриѓанецот.