Охриѓанецот Иљче Затаракоски, познат по духовитите коментари на Фејсбук за актуелни теми, овојпат со сериозна опсервација на бранителите на политиките на власта.
„Добро бе бранители, вистина не ви пречат наместените огласи за вработувања по институции, на кои за здравство се бара масер или виолинист?
Не ви пречи тоа што со месеци бевме бомбардирани со бомби и криминалци, за денес тие истите да ја бранат Владата?
Тоа што лидерите ни договараат закони, а пратениците ко мулиња ги гласаат?
Не ви пречат истите оправдувања, истите аргументи и истите споредби што ги правеше Грујо со Бранко?
Или, пак, лицемерието кога политичари не почитуваат препораки, а после го почнуваат обраќањето со: ‘Иако строго се држев до мерките, се заразив…’?
Вистина не ви пречат тендерите во 4 очи и оправдувањата дека и претходната власт правела така?
Или можеби тоа што 5 месеци нѐ лажат за вакцините?
Вистина не гледате проблем во тоа што генерален секретар на Влада купува свој софтвер за МВР, Оливер не знае, а Заев го брани?
Не ги гледате локалните шерифи кои продолжија со дивоградбитете и урбаниот хаос како да не ни има пандемија?
Не го забележувате бројчаникот за’рѓан од седење на 0? Клупите од оградата околу Влада? Ѓубрето?
Ама треба човек да ве разбере. Сигурно не сте виделе, пошо во шупакот на лидерот слаб е интернетот“, заклучува Затаракоски.






