По 16 години, застаре преметот „Змиско око“ од 2007 година, во кој 46 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злуопотреба на положбата и за злосторничко здружување.



Тие беа обвинети дека на патарините не издавале фискални сметки , а парите ги ставале в џеб, па си ги делеле, и на тој начин заработиле неколку милиони евра.

Триесет и осум обвинети најавуваат дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимум отштета.

Спектакуларното апсење на овие луѓе со специјалци започна во ноември 2007 година и траеше неколку дена, а тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред јавноста тогаш истакна дека се реализирала најголемата, најдолгата и најмасовната операција досега.

Предметот се води од 2007 година, а најголем дел од обвинетите беа инкасатори на наплатните рампи, кои во обвинителниот акт се товареа дека проневериле над милион евра.

Ова следува по последните измени на Кривичниот законик. По судењето, дел од обвинетите најавија дека ќе бараат обештетување по сите можни основи.

„ Животот ни го претворија во еден судски процес што траеше 16 години. Нема пари што може нам да ни ги вратат животите. Поминавме низ безброј судски рочишта, околу 130, 140 на број. И ова сега не е правда, застарувањето на делото за нас не е правда“ изјави пред судот еден од обвинетите“, пренесе Слободен печат.