На поранешниот премиер и екс-министер за одбрана Владо Бучковски му застаре делото во предметот „Тенковски делови“.
На денешното рочиште по предметот “Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење“, објави Коалицијата сите за правично судење која ги мониторите судските процеси.
Според обвинението за овој случај кој започна во 2007 година, Бучковски и поранешниот началник на ГШ на Армијата Методи Стамболиски во 2001 година ги злоупотребиле функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари.
Бучковски беше и осуден на две години затворска казна, но потоа Врховниот суд неколку пати го враќаше предметот во Кривичниот суд.





