Еден од обвинетите за 27 април Богдан Илиевски реагира на тврдењата на шефицата на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска.
Пировска во изјава за Телма вели дека нема причина за квалификација на делото затоа што пресудата е правосилна и дека иако некои од учесниците биле амнестирани не треба да се амнестираат сите.
“После неколку дена, ја повторувам поканата до директорката Уранија да ја искористи сопствената недокажана самодоверба и докажаната спремност на Канал 5 за да организира дебата и да се обиде да извојува пировска победа со сопствените доживувања за 27-ми април, во време кога на сите им е се појасно и појасно ако не што се случуваше на тој ден, барем за она што не се случуваше”, пипува во поканата Илиевски кој бара од Пировска наместо како досега” да говори во огледало и да оценува непознаница, да застане карши учесник во настаните кои ги сатанизира и омразува, и да ги провери на мегдан личните емоции поткрепени само од партизираните поробени институции, а не од здравиот разум и елементарната логика”.
“Уранија преурани со лепенките за настаните на 27-ми април, но од нив не отстапува. Ценам, затоа ја повикувам:
Не плаши се од дебата ако веруваш во она што го проповедаш!
Ајде на Само Вистина”, пишува Илиевски во поканата до директорката на Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights.





