Мизерни услови за работа, преполни чекални, прегледи милион, никаков ред и поредок, се напаѓа медицински персонал, нереализирани ветувања со години и никакви реакции, а паркингот 800 денари и сите нацртани на протест ???!!!
Сега јасно ви е зошто сме таму кај што сме?
Од сите не реализирани ветувања и проекти за паркингот се фативте??
На 800 денари паднавме??
Алоо колеги па нека дадат плата ко што ветуваа и нема да бидат проблем ниту 1000 денари!
Нека се вреднува трудот на здраствените работници како што доликува еднаш во ова општество па да може секој да си плати!
А и не мора секој со кола да доаѓа, прочитајте ги договорите за работа па да видите дали ви следи паркинг место за доаѓање на работа.
Др. Александар Стојкоски
Лекар специјалист на Клиничкиот центар во Скопје




