Претседателот на Бугарија Румен Радев за денеска свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност а ќе се расправа за улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.
Но поранешната министерка за надворешни раоти го искритикува претседателот Румен Радев дека Советот не бил свикан две години, на поважни теми.
Екатерина Захариева смета дека Радев требало да го свика Советот за најмалку четири теми – како што се кризата со Ковид, инфлацијата, кризата со цената на енергијата и конфликтите меѓу Русија, Украина и она што се случува во Казахстан. Според неа, тоа се многу поважни теми од Северна Македонија.
Екатерина Захариева е категорична дека не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од Република с. Македонија, освен, како што наведе, ако само претседателот Радев гледа закана, пренесе МИА.
Радев повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, запирањето на говорот на омраза и прекинување на, како што рече, процесот на дебугаризација само ќе помогнат да се забрзаат работите и да може Бугарија да ја отвори вратата за преговори за зачленување на Македонија во Европската унија.






