Судијата Владимир Туфегџиќ, кој од неодамна стана адвокат, тврди дека премиерот Зоран Заев, со изјавата во која цитира делови од истражна постапка ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица.
„Недозволиво е во правна држава заради политички цели и интереси, како прв политичар меѓу еднаквите, да искористиш ЕДЕН парцијален материјален доказ прибавен со обвинителска истрага, кој има целосна доказна сила кога ќе биде ценет поединечно и во една целина во корелација со други прибавени докази во истрагата.
На овој начин политиката директно влијае на понатамошниот тек на независната и непристрасна истражна постапка за трагедијата во модуларната болница и потполно ја компромитира понатамошната истрага, сведувајќи ја причината за трагедијата на 14 луѓе на петпарачки продолжен кабел.
Продолжниот кабел е само дел во мозаикот на истражните дејствија и докази, кои ценети во една доказна целина допрва треба да го дадат одговорот по однос на одговорноста“, пишува
Туфегџиќ на Фејсбук.
Предходно за објавување на материјали од постапка на две годишна затворска казна условно беше осуден новинарот Александар Митовски.





