„Македонските владици утре на синодска седница ќе се запознаат со деталите од преговорите меѓу Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и Српската православна црква, што се случиле во Ниш, Србија во текот на минатата недела.“ – вели Радмила Заревска во својата статија со наслов „МПЦ-ОА и СПЦ конечно седнаа на заедничка маса: ќе има ли решение за црковниот спор?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Заревска пишува: „Оваа средба се реализира по долгогодишен прекин во комуникацијата меѓу двете цркви. Ваквиот исчекор меѓу двете цркви влева надеж дека може да се реши долгогодишниот проблем со македонското црковно прашање, односно добивање автокефален статус на нашата црква во православниот свет. Најголемиот дел од членовите на Синодот не се запознаени со оваа најнова црковна дипломатија и засега се воздржуваат од коментари. Ќе чекаат да ги видат деталите.“
„Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА Тимотеј не открива детали околу средбата меѓу двете цркви. Кратко искоментира дека преговорите се во тек, без да уточни: кога се одржала средбата, кој сè учествувал на неа, дали тој лично присуствувал и што се преговарало точно со СПЦ? ‘Разговорите течат. Сега толку можам да речам. Медиумите ќе бидат известени кога ќе имаме што да кажеме.“ – изјави Тимотеј.“
Веста за враќањето на дијалот на маса меѓу двете цркви ја објавил српскиот епископ Фотиј, кој навестил дека разрешница може да има уште овој месец, на мајскиот Собор на СПЦ во Белград. ‘Тоа е дијалог на љубов, вера и надеж. Се надеваме, можеби може да се случи, МПЦ-ОА во мај месец на овој Собор во Белград, повторно да се врати во канонско единство со Српската православна црква, а со тоа во канонско единство и со сите помесни православни цркви.’ – посочил тој. Епископот не откри кој од владиците присуствувал во македонската делегација. Но, од говорот може да се забележи дека на средбата од СПЦ присуствувал српскиот патријарх Порфириј, кој неодамна упати покана до МПЦ за официјална средба.“
„МПЦ-ОА пред две години веќе побара признавање на автокефалноста од Вселенската патријаршија, но процесот повеќе од една година е во мирување. МПЦ нема да отстапи од ставот дека решението на нејзиниот статус е само признавање на автокефалноста во суштинска смисла, зашто црковниот живот во Македонија, всушност, е континуитет од некогашната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ-ОА.“
Home Македонија МПЦ-ОА не отстапува од автокефалноста, СПЦ очекува нејзино „враќање во канонско единство“





