Заразена со коронавирус од Барселона слетала во Скопје!


Патничка која од Барселона, се вратила во Македонија е вториот евидентиран случај на коронавирус во Скопје.



Во авионот се возела со 50-тина патници, но според министерот за здравство Венко Филипче, била заштитина со маска и мали се шансите дека го пренела вирусот.

„Пациентката која што сега долетала во Скопје била заштитена и свесна дека има зголемена телесна температура се тие луѓе со кои што заедно патувала, но тие се во домашна самоизолација“, одговори министерот за здравство на новинарско прашање.