Од денес стапува во сила одлуката на Руската федерација со која, времено, се запира увоз на праски од Македонија и од Србија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, тврди дека Македонија не е официјално известена за одлуката на руските власти идека за тоа дознале од медиуми.
Руската амбасада во Скопје за МИА, на 10 август потврди дека е воведена привремена забрана за коскести овошја од Македонија која ќе стапи во сила на 15 август.
Летово од Македонија во Русија беа извезени 3 милиони килограми праски, но поради сомнеж дека некои од нив се заразени биле вратени 120.000 килограми.
Габичка „Monilinia fructicola“ наводно била откриена во македонските праски, но исто така, и кај оние увезени од Србија.
Николовски вели дека никој не знае колкави ќе бидат штетите од оваа мерка. Тој најави најави извоз на праските во други земји, со цел да нема штети.
„Ние на секој начин се трудиме да обезбедиме пласман. Чекаме Русија да каже. Контролите од Македонија се засилени“, рече Николовски.
Дали извозот на праски ќе продолжи, ќе се знае по контролите на надлежните органи во Македонија и Русија, а зависи и од комуникацијата помеѓу властите.
Од 15 август забрана за извоз на македонски праски во Русија





