По едногодишната најава, ГП „Бетон“ АД Штип, кое во изминатиов период беше предмет на истрага на СЈО, конечно од вчера е под стечај. Поради основен долг само кон три компании-побарувачи од Северна Македонија, судијата Маја Џорлева вчера донесе одлука за „Бетон“ Штип да се отвори стечајна постапка. Првичните побарувања само од три фирми кои биле предлагачи за отворање на стечајна постапка, изнесуваат 76, 7 милиони денари, дознава порталот СДК.



Поради ова, градежната компанија ја запре  изградбата на Клиничката болница во Штип која требаше да биде готова пред две години.

Во прекин е и изградбата на Офицерскиот дом и на хотелот до Офицерскиот дом, како и зградата на ФИНКИ, пишуца порталот СакамДаКажам.