Десетици луѓе загинаа и се повредени во ноќно гранатирање на југоисточниот украински град Запорожје, соопшти утринава главниот штаб на украинските вооружени сили.



„Руските окупатори цинично ги нападнаа станбените згради и цивилната инфраструктура во текот на ноќта“, објави Централната воена команда на својата Фејсбук страница, додавајќи дека има повеќе убиени и повредени.
Текстот продолжува под огласот

Претходно, вршителот на должноста градоначалник на Запорожје, Анатолиј Куртев, извести дека во ноќниот напад на градот биле убиени седумнаесет лица.

Според првичните податоци, уништени се пет куќи, а 50 се оштетени, рече Куртев.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди информациите од бојното поле. Градот се наоѓа на 125 километри од најголемата европска нуклеарна централа под руска контрола. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на објектот со кој управува Украина, кој оштети згради и се заканува со нуклеарна катастрофа.