Со проекција на македонскиот филм „ Домаќинство за почетници“ почна филмскиот фестивал „ Браќа Манаки “ во Битола .
Наградата „ Златна камера 300 “ , годинава му беше на годинашниот лауреат , оскаровецот Питер Бижу , за животен опус .
Покрај гламурот , синоќешното свечено отворање на фестивалот го обележа и острите критики и револтот од филмаџите кон политичарите . Годинава, „Браќа Манаки“ е покус за 25 илјади евра државни пари.
„Времињата се менуваат. Да. Ние уметниците не зависиме од политичарите. Нема да ги молиме да создаваме врвна уметност, тие треба да дојдат кај нас да нѐ молат, бидејќи времињата се менуваат. Културата е потреба на сите нас.“, порача актерката Лабина Митевска, по врачувањето на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Фестивалот годинава е под мотото „Прекрасното непознато“, а најавено е присуство на 400 гости. До 29 – ти септември ќе се прикажат повеќе од 70 филмови, распоредени во неколку натпреварувачки програми . Во главната програма се 12 филмови.






