Шпанската полиција и царина во петокот објавија заплена на речиси 9,5 тони кокаин од Еквадор, за кој се верува дека е најголема заплена во историјата на земјата.



Организацијата одговорна за пратката, наводно, можела да испраќа 40 контејнери месечно во Европа и „имала огромна комерцијална мрежа за транспорт на контејнери од Еквадор до Шпанија“, јавува Еуроњуз.

Операција претставува „невиден удар врз една од најважните светски криминални организации вклучени во дистрибуцијата на кокаин, наменета за главните криминални мрежи во Европа“, се вели во соопштението за печатот, без да се идентификува организацијата. Не се пријавени апсења.

На пратката се откриени логоа на повеќе од 30 европски криминални организации. Многу од пакетите беа означени со кукасти крстови и зборот „Хитлер“, слично на пратката со кокаин што беше пресретната во Перу на пат за Белгија во мај оваа година.

Во тоа време, властите рекоа дека истражуваат дали пратката има некаква поврзаност со европските неонацистички групи, но и дека е можно етикетите едноставно да се користат како код за означување на одредени примачи.

Пакувањата со дрога биле означени со кукасти крстови и натпис Хитлер, симболи на разни банди, но и со логоа на познати компании, како „Луј Витон“, „Тесла“, „Таг Хеуер“ …