Запленети 120 килограми тутун и цигари без акцизни маркички

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи, вчера во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 кг режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички.



Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.