Запленета марихуана вредна 70.000 евра

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во дебарско, а запленета е и марихуана во вредност од околу 70 илјади евра, пренесе МИА повикувајќи се на свои извори.



Според информациите, во полициската акција што се одвивала вчера се приведени и три лица.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека имало полициска акција.