Запалени возила на турски дипломати во Солун

Грчкото Министерство за надворешни работи, ги осуди нападите и подметнувањето пожари на возила што припаѓаат на турската дипломатска мисија во Солун.



„ Овие неприфатливи и неодговорни дејства се во спротивност со вредностите и принципите на грчката политичка култура и нема да ја постигнат својата цел. Надлежните грчки власти ги преземаат сите неопходни дејствија за да ги истражат инцидентите и да ги доведат одговорните пред лицето на правдата“ се вели по соопштениуето на грчкото МНР.

Возилата што припаѓаа на вработен во Турскиот конзулат во Солун и на вработен во турската Црноморска банка за развој биле целосно уништени во пожарите што избиле во 4:45 и 4:55 часот утрово.

Од пожарите биле оштетени и други автомобили паркирани во близина.