Како што повеќемина веќе предвидоа во бугарскиот културен центар кој го носи името на фашистичкиот соработник Иван Михајлов се случил инцидент кој може дополнително да ги влоши односите меѓу Македонија и Бугарија.
Дали пожарот го предизвикале гневни Македонци или пак е предизвикан од бугарските тајни служби за да ја претстават Македонија како антибугарска средина со цел Софија да има алиби за ново вето во Брисел ќе треба да утврди македонското МВР кое мораше да очекува какво сценарио.

,,Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар “Иван Михајлов” – Битола.
Очекуваме институциите во нај брз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата!!”, пишуваат членовите на клубот именуван според соработник на фашистичките лидери Хитлер, Мусолини и Павелиќ.
Луѓе што ги познаваат принципите на работа на тајните служби веќе предвидоа дека е можно бугарското разузнавање да предизвика пожар или друг инцидент во Битола за бугарските власти полесно да ја туркаат тезата дека Бугарите во Макеоднија се под притисок.






