Западот има договор на Украина да не ѝ дава авиони и тенкови, потврди Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека западните земји имаат договор да не ѝ даваат на Украина одредени видови оружје, особено борбени авиони и тенкови, пренесува украинската новинска агенција Укринформ.



„Зборувате за неофицијален договор, но ова е речиси официјален став на партнерите во НАТО дека ние ѝ помагаме на Украина да се одбрани, но не одиме во војна со Русија“, рече тој за време на разговорот со украинските новинари.

Според Макрон, Киев е запознаен со овој договор.