Атина ќе препорача 2033 година да се постави како краен рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан, изјави премиерот Киријакос Мицотакис во Брисел.
„Триесет години по самитот во Солун (2003-та), за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес тие навистина можат да се радуваат да станат членки на ЕУ“, рече Мицотакис
„Грција, како најголема економија во регионот, како земја која има корист од приклучувањето кон европското семејство, е на страната на Западен Балкан, изјави грчкиот премиер.
„Знаеме дека процесот е тежок за овие земји… Сепак, мое мислење е дека е многу важно да се предложи конкретен рок за да може да се заврши овој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година , пренесе Катимерини.







