Водителот на Вечерното шоу со Богдан Илиевски на Алфа ТВ продолжува со објавување на гафови на премиерот Димитар Ковачевски.
Илиевски кој на социјалните мрежи е познат како Бетмен Велит објавува постаро видео парче искажано од Ковачевски кое пошироката јавност досега не го забележала а во кое тој зборува за Западен Балтаган.
Гафот го прави пред српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
Иако чита премиерот погрешно регионот на Западен Балкан го преименува во Западен Балтаган, термин кој досега никој не го употребил и не е јасно од каде овој збор му дошол на ум на Ковачевски.
Премиерот на Македовнија, Западен Балтаган. pic.twitter.com/icXWrkg6iG
— Боби (@BatmanSaysT) October 18, 2022





