Официјални лица во Вашингтон и европските престолнини предвидуваат дека руската армија ќе ги надмине сегашните првични загуби, и ќе постав сцена за долг, крвав бунт, пишува Вашингтон пост.



Во таков случај, начините на кои западните земји ќе го поддржат украинскиот отпор почнуваат да се наѕираат.

Како прв чекор, сојузниците на Украина планираат да помогнат во формирањето и поддршката на владата во егзил која би можела да ги насочува герилските операции против Русите. Доколку САД и нивните сојузници решат да го поддржат бунтот, украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе биде клучна сила.

„Сега планираме итни случаи за секоја можност“, вклучително и сценарио во кое Зеленски формира влада во егзил во Полска, рече претставник на американската администрација.

Зеленски, кој себеси се нарече „мета број еден на Русија“, останува во Киев, иако имаше разговори со американски претставници за тоа дали треба да се пресели на запад на побезбедна позиција во градот Лавов. Досега одбиваше да замине.

Сепак, европските дипломати, како и нивните американски колеги, почнуваат да се подготвуваат како да ја поддржат украинската влада доколку падне Киев или земјата биде целосно окупирана од Русија.