Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина треба да послужи како потсетник дека Берлин и западните влади, во принцип, очекуваат грчкиот парламент да го ратификува договорот за името постигне со Поранешната Југословенска Република Македонија, оценува грчки „Катимерини“.
Притисокот врз Атина од западните сојузници за да се избегне враќање назад од се што е досега постигнато, „ќе започне со доаѓањето на Меркел и најверојатно ќе се зголемува како што Грција ќе се приближува до гласањето (во грчкиот парламент).
Европејците и Вашингтон, се вели понатаму во анализата, и покрај тоа што не сакаат да признаат а вмешаност – и се надеваат дека дека договорот ќе помине:
„Тие отворено го поддржаа Заев за референдумот за името и последователните уставни амандмани.
И нема да се двоумат да го стори истото со Грција, со цел да се затвори овој бесмислен (во очите на речиси сите влади) спор меѓу Грција и Македонија.
Отфрлање на договорот од страна на грчкиот парламент ќе се гледа како пораз од сојузниците, а Атина ќе стане црна овца во трансатлантската алијанса“, пишува „Катимерини“.
Авторот на написот вели дека грчките сојузници не се навистина заинтересирани дали одлуката на Парламентот може да предизвика политички настани во земјата, мислејќи притоа на можниот распад на коалицијата СИРИЗА-Независни Грци кои најавија напуштање на парламентот ако Договорот од преспа се стави на дневен ред.
Официјални претставници во Брисел очекуваат вестите од Атина ќе бидат позитивни и подготвени се да стават ознака за името „Северна Македонија“ на табелата на НАТО па затоа е за очекување сигналите да се интензивираат.
Откако двете страни е го ратификуваат договорот, процесот на прием на пјРМ ќе започне некаде во април кога балканската држава ќе добие статус на набљудувач, пред да стане полноправна членка во почетокот на 2020 година, пишува „Катимерини“.




