Запад готви спогодба: Косово во ОН, Србија во ЕУ!?

Политичките директори за Западен Балкан  наСАД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија се состанале во Вашингтон околу последната фаза на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој треба да биде крунисан за конечен договор меѓу двете страни, пишуваат српски медиуми.



Досега се сметаше дека нормализацијата не значи и признавање на Косово од страна на Србија, туку само признавање на реалноста.

Тоа ќе овозможи членство на Косово во ОН, што пак ќе ѝ овозможи на Србија да влезе во ЕУ.

Меѓу западните дипломати, веќе постои согласност дека „подобро е да нема договор отколку лош договор“ помеѓу страните.

Лош договор би значело поделба на Косово и нешто како создавање „Република Српска“ на Косово, пишуваат медиуми, поикувајќи се на неименувани извори.