Најдоцна до утре наутро, Владата Владата ќе донесе одлука за замрзнување на цените на млечните производи и на тестенините, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.



„…цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе покажат анализите дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно“,рече Бектеши.

Ц ените на макароните и шпагетите ќе бидат намалени и за над 10 отсто.

ЗЏа м,лечните производи рече дека ќе остават на производителите до утре да се подготват зашто, како што нагласи, некои веќе и самите ги намалуваат.

Намалени цени се очекуваат за кравјото млеко со масленост од 2,8 %, 3,2 % и 3,5 %; урдата; кравјото бело сирење и мешаното бело сирење; кашкавалот; киселото млеко; павлаката и јогуртот.