Замрзнатите цена на храната дополнително го иритира народот, алармираат од бизнис секторот и бара реални мерки

На граѓаните им треба реално намалување на цените и повисоки плати, ако сакаат да достоинствено да живеат, а не само да преживуваат. Ова е ставот на бизнис заедницата која е против замрзнување на цените на производите, оти, како што вели, тоа не може да опстане да долг рок. Миле Бошков од организацијата на работодавачи на Македонија, во разговор за Алфа вели дека Владата мора да носи реални, а не популистички мерки за помош на стопанството и граѓаните за ублажување на ценовните шокови. Тоа што цената на храната останува „под мраз“ до Нова година, народот само дополнително го иритира.



На 19 септември Владата ја донесе одлуката за гарантирана цена, и рекоа дека со вакви мерки инфлацијата до крајот на годинава би паднала до 5%, што според економиските експрети не се чувствува во пракса.

Во однос на браност поскапувања, бизнисмените стравуваат дека тој ќе се засилува, а спасот е во реален раст на платите, затоа бараат од државата да покаже поголема сериозност. И додека бизнисмените алармираат дека овие мерки се само мачкање очи, цената на храната останува „замрзната“ до Нова година, а потоа ќе биде неизвесно што ќе се случува.