Замисленото интервју со Роберт Милески за Преспанскиот договор

Членот на Македонскиот Национален совет, бизнисменот и граѓански активист Роберт Милески дава одговори на прашања кои што беа поставени на Гордана Сиљановска а тој смета дека таа дала “меки” одговори.



Тој дава алтернативни одговори на прашања кои што го мача и открива како би изледале тие доколку истите би биле упатени до него:

– Дали го сметате преспанскиот договор за реалност?

Преспанскиот договор го сметам за наметната реалност против волјата на македонскиот народ, кој што истиот го отфрли на референдумот одржан на 30 септември 2018 година. Силите кои што овој договор го наметнаа ги сметам за квислиншки, тоа се луѓе кои работат против интересите на својот народ и ќе се борам на секаков можен начин истите да бидат изведени пред лицето на правдата, а неправдата од договорот да се исправи.

– Дали ќе го почитувате преспанскиот договор?

Како може да почитувам наметнат акт врз македонскиот народ од кого барам поддршка, донесен насилно и вон секаква конституционална рамка?! Договорот е противуставен, потпишан од министер кој немал право да потпише таков договор, насилно истуркан од Влада која немала ниту мандат за промена на името, ниту смеела да се дрзне да влезе во преговори кои требало да се водат од шефот на државата, а не од шефот на Владата.

– Дали вашиот цел маднат ќе го трошите за преспанскиот договор?

Да. Покрај другото, главен фокус на мојот мандат ќе биде исправање на грешката од преспанскиот договор. Тој договор нанесе несогледливи последици и штети врз македонскиот народ и македонската држава и еден шеф на држава има должност да се бори против таквиот акт и луѓе кои насилно го наметнале истиот.

– Доколку станете Претседател дали ќе го потпишете преспанскиот договор?

Никогаш! Не постои сила која што може да ме натера како Претседател на Македонија да потпишам чин на капитулација! Како може друг Претседател на држава да парафира договор донесен противуставно, против јасната волја на народот, во време на мандат на друг Претседател, потпишан од лице кое немало овластување да потпише таков договор?!

– Кои методи ќе ги користите во борбата против преспанскиот договор?

Уставен суд составен од судии според методот одобрен од Јоханес Хан (балкански начин), Собрание кое ќе носи декларации и закони во врска со договорот, судскиот систем кој ќе треба да се позанимава со лицата коишто насилно донеле договор отфрлен на референдум, како и новонастанатата меѓународна положба на Македонија, која ни отвора одредени можности што во минатото беа користени против нас. Засега не би открил повеќе, но имаме доволно механизми на располагање како суверена држава.