Заминува ли државниот јавен обвинител Јовески на нова врвна функција?

Една од опциите за пополнување на наскоро испразнетите три места во Уставниот суд на Македонија е актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески.



Името на првиот човек на Јавното обвинителство како Уставен судија станува актуелно откако тој не покрена ниту едно големо обвинение за највисокиот дел од власта под контрола на Зоран Заев и откако се случи скандалот со партиските предлози на СДСМ за уставни судии.

По предходната скандалозна одлука на власта во Судскиот совет да постави шеф со партиски бекграунд владеачката партија сакаше и за уставни судии повторно да именува партиски функционери но засега планот не се спроведува по што се бараат други ликови за овие позиции во највисокиот суд во Македонија.

Името на Јовески кој го исполнува критериумот истакнат правник а формално не е член на ниту една партија се појавува откако странски амбасади во Скопје на Владата и порачале дека ќе биде премногу ако за уставни судии бидат избрани партиски кадри на СДСМ.

Двајцата контроверзни предлози за Уставниот суд кои се функционери на СДСМ се поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Струмичанката Цветанка Иванова, актуелен генерален секретар на Собранието и битолскиот адвокат, Васко Талевски кои неофицијално беа кандидати за нови уставни судии.

Дури и ако СДСМ не се повлече од својата идеја за партиски кадри за уставни судии за Јовески пак ќе има место во највисокиот суд затоа што наскоро од оваа институција заминуваат тројца судии.

Според кругови во СДСМ Јовески е добар кандидат за Уставен судија поради неговото искуство и бескомпромисна битка со криминалот, иако дури и од овие извори се признава дека Јовески можел да биде поефикасен и во времето на владеењето ВМРО-ДПМНЕ и сега со Заев.

Јовески кој до пред 18 години бил судија, за обвинител е избран во 2003 година а до 2017 година беше член на Советот на јавни обвинители избран во времето на владата на Никола Груевски.

Стана државен обвинител 6 месеци по доаѓањето на СДСМ на власт во декември 2017 година кога беше избран со минимални 61 глас во Собранието.

Еден од пратениците на власта тогаш гласаше воздржано.

Тој веќе има навршено 67 години, старост која што во Македонија е крајна горна граница за пензионирање на мажи но со оглед на тоа што е именуван функционер избран од Собранието се уште ја врши својата функција.

Кој може да го наследи Јовески на неговата актуелна позиција доколку тој за својата работа од власта биде награден со позиција Уставен судија, засега не е јасно.