Замина достоинствено, но знаеше колку многу беше почитувана

Денеска починатата екс пратеничка и министерка за надворешни работи Илинка Митрева не беше активна во политиката во последниве петнаесетина години но денеска се покажа дека таа била високо почитувана од огромен број граѓани.



„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. ..Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост“.

Илинка Митрева, ноември 2020 година

Вечен спомен, почивај во мир, Илинка!
Заминуваш точно во пресрет на Илинден…

Вака од Митрева се прости екс пратеничката на СДСМ Весна Бендевска

Десетици други јавни личности од сите провиниенции денеска се простуваат од Митрева:

📌 Бевме политички соперници, но секогаш во дебата на ниво и со почит, и најбитно, без разидување за националните надворешно-политички интереси на Македонија. Илинка Митрева беше личност и политичар со свои принципи, на кои им остана доследна до крајот❗️
Сочувство до најблиските. Вечен и спомен.

Антонио Милошоски

Илинка Митрева беше политичар достојна за почит. Ја запознав уште како студент и веднаш бевме на различни страни на политичкиот спектар… ама секогаш со почит. Јас не само што искрено ја респектирав туку и бев должен да го правам тоа, бидејќи таа беше професор на факултетот кај што студирав, но таа исто така се однесуваше со бескрајна почит кон мене иако не го должеше тоа.
Многу често жестоко се судиравме низ текот на годините ама исто така сведочев кога бевме заедно членови во Парламентарното собрание на Советот на Европа како искрено се бореше за Македонија и македонските интереси.
Ќе завршам како што почнав – таа беше политичар достојна за почит!
Слава ти професорке, почивај во мир!

Амбасадорот Оливер Шамбевски

Секогаш имаше време за новинарите, за објаснување на позициите во јавноста, имаше целосно транспарентен однос во се што прави. Во нејзино време САД го призна уставното име Република Македонија. Со сите разговараше во учтива форма, независно дали си помлада со години – покажуваше почит кон секој соговорник. Слушаше и знаеше да реагира позитивно на критики и затоа е и беше една од најдобрите министри за надворешни работи што ги имавме. Сигурна сум дека ако Илинка Митрева денеска беше на местото прв човек на македонска дипломатија немаше да дојдеме до ова дереџе. Нека и е лесна земјата.

Екс новинарка и ПР експерт Тања Лопарска

За неа, не сакам и тешко ми е да зборувам во минато време. Зашто таа останува недостижна во нејзиниот поглед кон иднината.
Жена со став, цврста, продорна, и силна и нежна, богата со дух.
Се што правеше, правеше со стил, со стил и со страст. Ја подметна својата уникатност во годините кога тоа беше толку неопходно за Македонија. И беа успешни, и таа и Македонија.

Чест ми е што работев со неа и за неа.
Почивај во мир моја Госпоѓо.

Новинарката Санта Аргирова

Нека почива во мир, вечен спомен. Беше жена политичар со изразит став, цврста, продорна, од друга страна силна и богата со дух…

Актерот Ердоган Максут

Со големо жалење ја примив веста за смртта на другарката Илинка Митрева.
Силна жена со сопствени ставови и убедувања, дел о тимот на државотворната СДСМ, успешена на професионален и политички план.
– Го изразувам моето длабоко сочуство до семејството и сите нејзини другари и пријатели, сепак Илинка ќе Ви недостасува на сите Вам но и на нас кои што имавме можност да се градиме и надоградуваме заедно со неа.
– НЕКА И Е ВЕЧНА СЛАВА!

Максим Димитриевски

Примерот со Митрева говор дека Македонија има луѓе кои се почитувани од сите но се додека не дојде смртниот час малкумина јавно ја искажуваат својата почит кон нив.