Заменик министер: Софија очекува бришење на 16 споменици со ,,бугарски фашистички окупатор”

Заменикот министер за локална самоуправа во владата од партијата Демократски сојуз Зоран Димитровски во емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ открива дека Македонија треба да избрише 16 споменици од втората светска војна на кои пишува ,,Бугарски фашистички окупатор”.



Видеото на овој ЛИНК

Оваа информација Димитровски ја добил од екс премиерот Заев кој ги брифирал своите коалициони партнери за детали од барањата на Софија.

Идејата било од спомениците на 16 локации во Македонија да се избруси зборот бугарски а да остане фашистички окупатор.

Заев додека бил премиер ги знаел сите сегашни барања на Софија што значи дека тој учествувал во преговорите со Софија пред да ја напушти владата по поразот на локалните избори.

Според последните барања на Софија добро ќе биде ако нема уште 16 нови мурали на кои ќе пишува ,,новиот бугарски фашистички окупатор”.

Целата емисија со Димитровски на овој линк