Арафат Шабани, заменик министер за образование вели дека протестите на кои учениците бараат враќање во училипште и настава со физичко присуство се – се политизирани.



„Еднаш треба да се направи разлика меѓу образование и политика. Колку што гледам јас последниве денови разни политички кругови почнаа да ги политизираат образовните прашања“, изјави Шабани.

„Сега тие кои што бојкотираат дали нудат друга алтернатива? Ако не држат настава онлајн а сакаат настава со физичко присуство, но за одржување таква настава кој ќе биде одговорен, бидејќи сите индикации се дека во одредени кругови има  зголемен број со Ковид 19“, вели Арафат Шабани.