„Реалност е дека во Македонија Албанците се повеќе од 31 проценти.’ – кажа заменик-директорот на Заводот за статистика Илми Селами во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21, со што всушност, и самиот ги оспорува официјалните резултати од пописот дека албанската етничка заедница учествува со 29,5 проценти во општата структура на населението на Македонија.
На својот интернет-портал ТВ 21 пишува: „Повеќе од 100 илјади граѓани се импутирани, недостасуваат во процесот на попишување. Според заменик-директорот на Заводот за статистика Илми Селами ова би влијаело врз големувањето на процентот на населението врз етничка основа.“
„Независно од ова, Селами е убеден: ‘Реалност е дека во Македонија Албанците се повеќе од 31 проценти.“
Home Македонија Заменик-директорот на „Статистика“ Селами и самиот го оспорува пописот: „Албанците ги има...





