Заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи преку објава на неговиот  Фејсбук профил информира дека е позитивен на коронавирусот.



Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

„По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот“, кој беше позитивен, пишува Исуфи.