Дополнителната заменичка министерка во МВР Славјанка Петровска го крши членот 9 од изборниот законик според кој како овластено службено лице работното место мора да му биде ставено во мирување откако нејзината кандидатура за пратеник е верифицирана од ДИК.
Петровска е на место број 8 на листата на СДСМ во изборната единица 2 а се уште прима плата од МВР и ги извршува редовно работните задачи со што го крши Изборниот законик.
Нејзиниот мандат како кандидат за пратеник на СДСМ е верифициран на 14 март од страна на ДИК што значи дека Петровска тогаш морала да го стави во мирување своето работно место. Наместо да и биде позицијата и работно место во мирување таа 3 месеци земала плата која не и следува.
Член 9
(1) На припадниците на вооружените сили на Република Македонија, припадниците на униформираниот дел на полицијата, овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и во Агенцијата за разузнавање од денот кога ќе бидат утврдени како кандидати, работниот однос им мирува.
(2) Со денот на верификацијата на мандатот на лицата од ставот (1) на овој член, работниот однос
им мирува.
Позицијата заменик министер според Законот за МВР е дефинирана како овластено службено лице.
Според законот за тоа што работното место не и е ставено во мирување следуваат соодветни законски санкции а таа ќе мора да ги врати и сите плати кои што ги земала во меѓувреме.





