Заменичката Јасна Мандиќ во „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски денеска пред обвинителката Вилма Русковска се бранела дека била доведена во заблуда.
„Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда“, изјави нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ, пренесе „Телма“..
Мандиќ денека даваше исказ во истрагата за перење пари и измами и примила решение дека истрагата е завршена.




