Дипломатката која што ќе го замени шефот на Одделот за Европа и Азија во Стејт Департментот на САД заминува само неколку недели откако Вес Мичел на 15 февруари ќе ја заврши својата кариера на високата позиција во Вашингтон.
Елизабет Милард, досегашен Главен заменик помошник на државниот секретар на САД ќе биде ВД Помошник државен секретар по заминувањето на Вес Мичел но таа функцијата ќе ја врши само неколку недели по што ќе замине во пензија.
“Замената на Вес Мичел треба да се пензионира неколку недели подоцна…… На државата и е потребен план за лидерство во Европа колку што може побрзо”, смета Аманда Слоат поранешна функционерка на Стејтдепартментот одговорна за Јужна Европа а сега истражувач на Брукинкгс институтот.
Слоат од неколку британски извори беше означена како експертка инволвирана во подготовката на Преспанскиот договор што беше демантирано од амбасадорот Џес Бејли.





