Емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа вечерва забележува дека за нешто помалку од три месеци највисоките функционери даваат целосно различни информации за должината на изградени патишта во земјава.
Откако предходно СДСМ направи и видео спот во кој се тврди дека за 2,5 години нивната влада направила 782 километри патишта вчера во дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вицепремиерката Радмила Шеќеринска за намали бројката на 500 километри.
Дури и за тие 500 километри патишта Шеќеринска не даде одговор каде се наоѓаат.
СДСМ направиле 500 километри автопатишта 🙂 pic.twitter.com/KgRxjvgiQh
— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) May 19, 2020
На 27 февруари годинава генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски објави спот во кој партијата тврди дека се направени 782 километри патишта.
Владата предводена од СДСМ направи 782 километри патишта за само две и пол години. pic.twitter.com/nrhOZsOPRp
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) February 27, 2020
Кој лаже во случајов ќе треба да каже СДСМ, велат водителите на Заспиј ако можеш Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.





