Заложничка драма во Франција

Вооружен маж држи пет лица како заложници во југозападна Франција, јавува Телеграф.



Осомничениот се закани дека ќе пука во полициските службеници ако се обидат да се доближат до продавницата која се наоѓа во близина на аеродромот во Тулуз, според локалниот весник La Dépêche du Midi.

Безбедносните сили ја блокираа областа и полициските единици се наоѓаат во област.а.

Полициски извори велат дека инцидентот не се третира како тероризам, и сметаат дека може да се работи за неуспешен грабеж.