Бизнисот е незадоволен од усвојувањето на законските измени со кои од , а за оние кои ќе работат платен со 50 до 100 проценти поголема дневница.



Од Стопанската комора на Македонија најавуваат дека законско решение според кое од1 јануари недела станува неработен ден за најголем дел од вработените во државата – ќе го дадат на Уставен суд.

„Има многу неуставни елементи и ќе се преиспитува уставноста на ова законско решение. Остануваме на ставот дека никако не смее да се сопрат производните процеси бидејќи така одредени индустрии ќе претрпат сериозни загуби. Ако не работат во недела, тоа ќе го повлече и понеделник додека се подготви производниот процес за повторна работа, па всушност ќе се изгубат два дена во седмицата“ – вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Комората изготвила материјал од 17 страници на кои се образложени недоследностите на законското решение за недела како неработен ден за голем број дејности. Дел од нив се и оние чија активност се базира на лиценци, за кои на државата и плаќаат за да работат седум дена во неделата.