Законот за јазици „во фиоката“ на Џафери

„Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на Законот“ – вели спикерот на парламентот Талат Џафери во одговор на новинарско прашање до каде е постапката со Законот за употреба на јазиците за кој претседателот на државата Ѓорѓе Иванов одби да го потпише.



Како што јавува МИА, претседателот на собранието Џефери с’е уште не го испратил Законот за објавување во Службен весник и не прецизираше кога тоа ќе го стори.

Неодамна Џафери изјави дека Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот станува втор службен, покрај македонскиот, на целата територија на државата, може да се објави и да стапи во сила и без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.