Укажувањата на Венецијанската Комисија ќе бидат вградени во Законот за употреба на јазиците, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, откако од Владата соопштија дека Законот е испратен на мислење во Комисијата.
На тој начин, вели премиерот, ќе бидат отстранети резервите на граѓаните кон законот.
„Ова е дадено право кое до сега беше забрането, да не му се плашиме. Се работи за јазици, не е крај на светот. Тоа е уставно право е на нашите сограѓани, не повредува друго право и не претствува проблем.
Денеска го испраќаме законот и алтернативните две одредби. Очекувам штом Венецијанската Комисија ги даде сугестиите ние веднаш да постапиме по нив“, рече премиерот Заев.
Вицепремиерот Бујар Османи вчера изрази резерва за објектвноста на Комисијата, бидејќи професорката Тања Каракамишева е македонски претставник во Венецијанската.





