Законот за јазици да се објави и без потпис на Иванов, сугерира Џафери!

Според парламентарниот спикер Талат Џафери, Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот станува втор службен покрај македонскиот на целата територија на државата, може да се објави и да стапи во сила и без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.



„Поради самиот факт што шефот на државата има само надлежност за вето на суспензија за одредено време, значи дека шефот на државата и неговите одлуки не можат да влијаат на работата на Собранието како институција. Во овој поглед, мислам дека излезот е Законот без потпис на шефот на државата да се упати до ‘Службен весник’, а тој да го стави Законот во сила и потоа да може да се стават во функција и другите уставни институции кои имаат надлежности, наспроти дилемите што ги има шефот на државата“, изјави Џафери за турската новинска агенција Анадолија.