
Од Собранието информираа дека го добиле Законот за амнестија од Владата, како и дека тој ќе оди по скратена постапка.
„Претседателот на Собранието го достави Законот до пратениците. Законот е по скратена постапка“, информираат од Собранието.
Во врска со овој Закон се појави разногласие и во Владата, при што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не е потребна амнестија на голем број затвореници, бидејќи тие повторно прават кривични дела и повторно се враќаат во затворите.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека доколку со овој закон треба да бидат ослкободени затворениците од „Монструм“, Владата ќе интервенира со амандман при самото носење.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија бројни амандмани со кои, како што рекоа, ќе се борат против носењето на ова законско решение.





