Законот против законот: Началник на МВР и општинарка со кривична пријава

Меѓу оние што „кренаа“ викендички на падините на Осоговските Планини се и надлежни за спроведување на законите – началник во кочанската полиција и неговата сопруга – вработена во Општината. Против двајцата има и кривични пријави, но дивоградбата се уште стои, објави денеска 360 степени од каде го цитираат градоначалникот на Кочани за случајот.



„Ќе постапувам согласно законот. Бидете уверени“, вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Зелените појаси на Осоговските Планини, поради својата посебност и природните богатства, Владата лани ги прогласи за заштитено подрачје од петта категорија. Но, додека се кројат стратегиите за управување и урбанистичките планови за развој на овие предели, на терен продолжува бесправно градење”, објавува емисијата во исчекување на новиот закон за легализација на дивоградбите.

Повеќе на овој ЛИНК