Законите со европско знаменце денеска на пленарна седница во Собранието

За денеска напладне е закажана пленарна седница во Собранието за пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10д од страна на компанијата Бехтел и Енка.



Актите по скратена постапка ги поминаа комисиските филтри откако добијха европско знаменце.

Петте законски измени се однесуваат на Закомнот за работни односи, за градење, за експропријација, како и за самиот специјален закон за Бехтел и Енка преку кој треба операторот кој ќе ги гради четирите автопати да се ослободи од оданочување.

Групата од пет закони се разгледуваат по скратена постапка, со назнака европско знаменце.

Од опозицијата се противат и се на став дека власта со ова брзање предводи фронт против ЕУ со озаконување на криминалот и злоупотреба на европското знаменце, а од власта пак аргументираат дека со побрзото донесување ќе се заштеди време и пари за изградбата.