Митрополитот на Закинтос Дионисиј отстрани 14 свештеници затоа што одбиле да се вакцинираат, објавија медиуми.
Митрополитот даде јасно предупредување и побара да се вакцинираат сите во епархијата Закинтос.
Еден од 14-те свештеници е трајно расчинет, а на останатите 13 им даде рок до крајот на неделата да се вакцинираат.
Потегот на митрополитот не им се допадна на сите во свештенството, а дел од населението на островот го обвини митрополитот Дионисиј за „сатански постапки“ и „незаконски и нечовечки“ одлуки..






