Заканувачки тон од министер на ДУИ кон новинар

Министерот за надворешни работи користел заканувачки тонови во разговор со новинарот Фуркан Салиу кој на прес конференција зборувајќи и напаѓајќи ја каолицијата ВМРО-ДПМНЕ-Алијанса-Алтернатива одби да каже дали е полошо ВМРО на Мицкоски или ВМРО на Груевски каде Османи беше министер.



Салиу во иднина со Османи ќе комуницира само пред камери.

“Се изнервира малку денеска Буки. Не знам зошто би требало да те изнервираат фактите.
Граѓаните требало да се загрижат за соработката помеѓу Алтернатива, Алијанса и ВМРО ДПМНЕ, вели… Мисли дека сме заборавиле што мислеле граѓаните за соработката на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ на Груевски.
Господинот Османи отиде и подалеку. После прес конференцијата, пред штабот на ДУИ, ми рече со заканувачки тон дека не е во ред ова што го правам, и дека бил министер на Али Ахмети а не на Никола Груевски.
Испратено е барање за реакција до ЗНМ, и очекувам реакција деновиве.
Комуникацијата со функционери како Г. Османи, преферирам да биде само со вклучена камера”, пишува Салиу.

Постот и видеото на Салиу овој линк

https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1576226102757858/