Закани за убиство!!! Навреди кон мајката на Стефан Лазаров пренесени од медиум близок на СДСМ (ФОТО)

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој го направи интервјуто во кое Драган Павловиќ Латас зборува за своето прво контроверзно сексуално искуство со загрозена девојка во автомобил пред 45 години, открива дека вчера добила закани по живот.



Таа дополнително реагира на текст во порталот Мактел на Саше Ивановски Политико кој важи за апологет на СДСМ.

Во текстот Ивановски меѓу другото пренесува сексистички и грозоморен коментар во кој се вели дека според годините токму Анита Лазарова е девојката со која Павловиќ Латас го имал сексуалното искуство.

Ивановски и во насловот на текстот го пренесува грозоморниот коментар според кој Лазарова вс според годините одговара на ,,девојката од Фиќото” за која зборува Латас.

,,МАКТЕЛ многу сте јаки со математика. Ајде подгответе ги доказите што ќе ви требаат!!! Форуми на здруженија на жени и релевантни институции: Каде сте сега? Што сака да каже писателот? Зошто е потребно сега ова а вчера дури и со закани за убиство. ЗОШТО!!!”, реагира Лазарова на текстот во порталот кој важи за близок на СДСМ.

Навредите кон Лазарова се објавени откако таа јавно ја искина членската книшка на СДСМ.